Поштенско Сандаче

Колку убаво изгледа ова мало сандаче. Не би сакале и вие да ја добивате вашата пошта во оваа малечка куќичка? Да го имам ова, би испраќала двојно повеќе од тоа што испраќам сега, само за да добијам повеќе разгледници и…

Мапа и Марки

Овој пат, наместо зборови, Дени одбра маркиците да зборуваат наместо него 😂, но да бидам искрена, ептен ми се допадна. Сите си се посебни на свој начин и кажуваат многу повеќе за австралиската природа од кој било друг пишан збор.…

Нуркачкиот Рај

Фиона, Малезија (2013) Додека го читам ова во денешно време, исто како да ме погодила временска капсула.Фиона ми ја испрати оваа разгледница кога го планираше нејзиното патување на Балканот и воопшто низ Европа. Гледајќи од денешна перспектива и кога веќе…

Салата од Компири

Како што имам веќе споменато, ги обожавам разгледниците со рецепти, особено оние чии состојки ги имаме и во мојата земја. Мари направи одлична работа чувајќи го овој тип на разгледниц, не само за оние кои ги сакаат разгледнициве со рецепти,…

Детство

Овие многу многу убави слики претворени во разгледници, се од вештите раце на академскиот уметник Сузана З. Ѓорѓиева. Овие нежни креации се инспирирани од едноставноста на нашето детство, игрите и активностите со кои се забавувавме пред интернетот, пред телефоните, пред…

Мостот Пуенте де Пиедра

Ана е моја драга пријателка од Македонија, која патува многу многу често. И таа секако знае како да ми го разубави денот од местата што ги посетува. Сме поминале прекрасна вечер во Битола, пред неколку години, со бескрајни приказни и…

Кртот и божиќниот Поклон

Кога и да добијам разгледница од Кртек(кртот), расположението ми се менува одма, секако на позитивно. Еве и сега дури ја гледам разгледницата, ме насмевнува. Онака, од нигде никаде. А ова го пишувам непосредно пред Божиќните празници и оваа разгледница со…

Маријачи

Хола, здраво на сите😊. Секако дека знаете дека оваа музичка група што е на разгледницата, се вика Маријачи и верувам дека веќе во главата ви засвирела некоја мексиканска музика. Ландо посакува еден ден да прошетам до Мексико и да ми…