Добредојдовте во светот низ разгледници.
Секоја разгледница претставува обична, тврда хартија со слика.
Но кога на неа ќе се напише расположението, дејството во моментот,
описот на разгледницата, од каде и зошто е купена, таа добива душа.
Со тек на време тоа беше она што повеќе ме привлече во разгледниците.
Од секое познато и непознато ќоше во светот дознаваш нови работи
за одреден град, држава, место, култура, храна,
традиција или едноставно го доживуваш нивното секојдневие.
Самите испраќачи ти подаруваат дел од своето време, внимание, мисла,
енергија и ти ја посветуваат токму тебе. Ете затоа јас го имам светот дома.
Се надевам дека ќе уживате , ќе патувате
и ќе учите во светот низ разгледниците.
Светот е прекрасен, верувајте ми.