Кога ни дојде Симона на гости, беше воодушевена од убавините на Македонија. Сите местенца познати и непознати, градови и села ја тераа да остане што подолго 🙂 Сите изгрејсонца и зајдисонца, сите води и планини и го продолжуваа одморот за еден ден, па денот стана недела…И така другарството се задлабочуваше, а дружбата стана неразделна. Ден денес ми недостига иако поминаа само 7 години 😮
По тешката разделба, разгледниците останаа нашата нишка што го држеше пријателството, ден денес вечни потсетници на убавите моменти. И така со оваа разгледница ми се пофали дека со убавините и „Мојата Романија“ не изостанува нешто подолу и дека посакува што побрзо да одиме и ние да ја истражиме со подзинати усти 😊 Иако сум била, верувам дека ми е недоволно истражена, барем кога станува збор за планините…и Брашов се разбира, од каде доаѓа Симона.