Оваа разгледница е неверојатна. И тоа не е само предниот дел што ја прави посебна, туку на задниот дел има уште неколку фотографии од други неверојатни места во Чиле, како […]
Read MoreЧиле нескромно е познат меѓу своите жители како „ pais del poetas “ или „Земјата на поетите“. Ова е затоа што од таму потекнуваат двајца светски познати и најсакани литературни фигури во земјата, поети и писатели Габриела Мистрал и Пабло Неруда. И двајцата имаат добиено Нобеловата награда за литература.
Во Чиле, можете да го најдете најсушното место на Земјата – пустината Атакама, која зафаќа вкупна површина од 105.500 квадратни км. Официјално најсувото место на Земјата, пустината Атакама речиси и да нема врнежи. Всушност, толку е суво што некои метеоролошки станици во пустината никогаш не забележале ниту една капка дожд.
Чиле е дестинација на виното од светски размери и деветти најголем производител на вино.
Островот Истер -Easter Island, (што во буквален превод би дошло Велигденските острови), е одделен остров во Пацифичкиот океан, на Полинезија, но припаѓа на чилеанската територија. Неговото старо име е Рапа Нуи. Познат е по археолошките локалитети, вклучувајќи скоро 900 монументални статуи наречени моаи, создадени од жители во текот на 13-16 век.
Пингвините во Чиле – Уште еден интересен факт за Чиле е дека пингвините не живеат само на Антарктикот или во зоолошка градина. Исто така тие можат да се најдат во неколку области на јужниот дел на Чиле, вклучувајќи ја и колонијата Пингвини Сено Отвеј (Seno Otway Penguin Colony).
На најдолгите планини во светот, Анди, кои зафаќаат територија на неколку држави, на чилеанскиот дел се наоѓаат некои од најголемите и сè уште активни вулкани во светот – и бројат над 1300.