Изложба на Разгледници

Изложбата на разгледници е инстиктивен момент, уште во 2014. По многубројните прашања за моето хоби во врска со собирање разгледници, решив да им го понудам светот на дланка, односно на изложба 🙂 Покрај тоа што разгледниците беа тематски селектирани, задната страна од испраќачот (секако без адреса) ја имав испечатено, затоа што сепак таму се деталите, а преку раскажување, не може да се долови пораката. Исто така, посетителите за да го осетат чуството на размена, моите пријатели со кои долги години разменувам разгледници ми излегоја во пресрет со тоа што, посетителите имаа можност да остават адреса или пак да ја да одберат адресата од моите пријатели. После тоа две три недели пораките не стивнуваа од двете страни. А морам да кажам некои после тоа се навлекоја на разменување разгледници.