Со Веи Чин сме размениле неколку пати разгледници и така станавме пријателки. Ги уживам нејзините разгледници и начинот на кој пишува за нејзината земја и воопшто за нејзината љубов кон Тајван…и нејзините одбрани зборчиња со кинески букви, лепенките….и печатите со кои ја разубавува разгледницата.
Посталов разгледниците знаат секогаш да ми ги украдат зборовите со кои сакам да го опишам местото😂 ама нели тоа е и целта на една разгледница. Се надевам дека ќе уживате во оваа разгледница и ќе ве натера да истражувате повеќе за оваа убава земја❤️