Не сум сигурна дали ми се допаѓа ракописот со кој е опишана разгледницата или не. Изгледа убаво, сите букви совршено се совпаѓаат, но не можам да разберам што сакал писателот […]
Read MoreБелгија е светски позната по своето чоколадо, вафлите, пивото и уште неколку работи што ќе ги спомнам подоцна, но овие ми се омилени. Пралините се создадени од Жан Неухаус во Брисел во 1912 година. Денес, Белгија е број еден извозник на чоколадо во светот, со годишно производство од 220.000 тони чоколадо. Второ нешто по што Белгија е светски позната е пивото. Постојат над 1100 сорти пива направени во Белгија и земјата често произведува сорти кои се меѓународно наградени. И вафлите се третата работа по што е позната Белгија. Постојат 3 главни видови на белгиски вафли, а најчест е лиежкиот вафл што се јаде како колаче, бриселските вафли се поголеми и со посветла боја и се јадат прелиени со јагоди или сладолед, а додека галетите се тенки, меки и обично се јадат за појадок со џем.
Белгија има повеќе креатори на стрипови на квадратен километар од која било друга држава во светот. Познатите стрип-серии што потекнуваат од Белгија се, Авантурите на Тинтин, Штрумфовите и Астерикс (иако е француска креација сепак е наменета за француско-белгиската публика). Неколку од познатите луѓе кои потекнуваат од Белгија, се: Герардус Меркатор – картограф кој ја создал првата мапа на светот, Адолф Сакс – оној што го измислил саксофонот, Георгес Лемаир – белгиски католички свештеник и физичар кој ја побил теоријата на релативноста на Ајнштајн и го претставил она што денес го знаеме како „Теоријата за голема експлозија“. Од филмската индустрија познати се Одри Хепберн, исконска актерка, актерот Жан-Клод Ван Дам, Џони Галецки и многу други.
Друг интересен факт што би сакала да го споменам е дека градот Спа во Белгија е местото од каде потекнува зборот „Спа“.