Стефан, Белгија


Не сум сигурна дали ми се допаѓа ракописот со кој е опишана разгледницата или не. Изгледа убаво, сите букви совршено се совпаѓаат, но не можам да разберам што сакал писателот да каже 😂 Ко така, можам само да уживам гледајќи го без да разберам нешто. Како уметничка слика. Но, она што е најважно е дека многу ми се допаѓа разгледницата и баш го сакам овој мулти-приказ од повеќе слики, каде што секоја една претставува нешто различно, а сепак значајно за местото од каде потекнува Стефан.

Дополнителни информации – Лиер е општина сместена во белгиската провинција Антверпен. Општината се состои од градот Лиер и селото Конингшуик. Луѓето од Лиер често се нарекуваат Шапекопен (овчешки глави), што првично претставувало навреда од 14 век , но денес е претворена во гордост.

Првата фотографија од левата страна, е Бронзена статуа на белгиски син столб, од Јан Алфонс Кестерманс.
Статуата е наречена Палиетер, кој гледа во небото со рацете во џебовите. Тој всушност е главниот лик во истоимениот роман од авторот Феликс Тимерманс, кој ужива во животот во целост. Зборовите „pallieter“ и „pallieteren“, измислени од Тимерманс, во денешно време се прифатени како дел од холандскиот јазик. Статуата е инсталирана во 1986 година по повод годината на Тимерманс.

Втората фотографија на горниот дел е црквата Свети Гумарускерк, привлечна готска црква од Лиер, која била изградена во неколку фази во период од околу 200 години, почнувајќи од 1370-тите. Свети Гумарус е заштитник на Лиер, но исто така и на глувите, немите, дрвопроизводителите, дрвосечачите и производителите на ракавици.

Третата фотографија на долниот централен дел од разгледницата е Гевангененпорт- затворска порта, односно преостанатата порта од средновековните внатрешни бедеми на Лиер, поставена во 1375 година.

Четвртата фотографија, на десниот ќош е специјалната чипка од Лиер. Чипката од Лиер е дизајн извезен рачно на механички плетен тул. Чипката од Лиер е направена со тулот кој е закачен на кука. Најважно е тоа што совршено можете да го следите моделот. За оваа техника треба вежбање, бидејќи тулот има хоризонтални и две дијагонални насоки поставени на навој, што може да биде тешко кога треба да се направат убави, кружни лакови.
Фасцинантно, нели? Зе заљубив во овој начин на везење. Всушност, вештините за правење на оваа чипка може да се стекнат и на ликовната академија во Лиер 😮 Невероватно.

Има уште една прекрасна работа што би сакала да ви ја кажам многу значајна за Лиер, а која не е на разгледницата, а тоа е саат-кулата Зимер.
Луис Зимер, астроном роден во Лиер и часовничар на белгискиот крал го создал Јубелклок (јубилеен или стогодишен часовник), кој тој му го подарил на градот во 1928 година за прославувањето на 100 години белгиска независност.
Овој неверојатен часовник има надвореши прстени кои, меѓу другото, ги покажуваат фазите на Месечината, сончевиот циклус, неделата, месецот, плимата и осеката, епактот* и времето.
*епакт – бројот на денови со кои Сончевата година се разликува од лунарната година.

Во 12:00 часот часовникот ги прикажува датумите 1830-1930, како и белгискиот и лиерскиот грб, првите три кралеви на Белгија и шесте градоначалници на Лиер после независноста.

Исто така, постојат четири механички уреди кои ги претставуваат четирите фази од животот.

Навистина сум воодушевена. Алберт Ајнштајн лично го пофали Зимер кога го видел часовникот на Светскиот саем во Њујорк во 1939 година. Исто така, тука е и музејот Зимер.
Јас ве предизвикувам да пребарате и да прочитате повеќе на Интернет. Навистина е зачудувачко дело.
Аххх, ова место, вреди да се посети еден ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *