Рута, Сан Франциско


Еден од градовите од САД што го сакам најмногу е Сан Франциско … не знам зошто. Можеби поради тесните улици на ридовите од градот или можеби поради времето или пак можеби поради електричните трамваи или можеби затоа што едноставно на филмовите секогаш ни ги прикажуваат убавите фамилијарни улички. Или можеби па се ова заедно. Рута го обожава времето таму и живее на заливот на градот … колку убаво 😮 нели?
Таа ми го напиша и цитатот што Оскар Вајлд еднаш го кажал:
– Има една чудна работа, но секој што ќе исчезне, подоцна е виден во Сан Франциско.
Добро кажано 🙂

Дополнителни информации – Во Сан Франциско има од сè по нешто.
Пред да се преименува во Сан Франциско, овој мал град покрај заливот се викал Јерба Буена. Јерба Буена на шпански значи „добра билка“. Основан е во 1776 година, но преименуван во 1846 година. Инаку градот е изграден на повеќе од 50 ридови 😮Па поради тоа, тие ги имаат преубавите електрични трамваи 🙂
Електричните трамваи се историски симбол на градот, признати низ целиот свет и реално вршат голем дел од превозот по стрмните ридови на Сан Франциско. Оние кои сакаат да дознаат повеќе за електричните трамваи во Сан Франциско можат да го проверат Музејот на електричните трамваи. Таму може да се видат некои од историските електрични трмваи, жичари, и да се научи повеќе за различните епохи на самиот систем во Сан Франциско како и фотографии од самите возила. Сепак, најубавиот дел е тоа што, тој всушност ја претставува централата на системот за електричните трамваи и ако имате среќа да го посетите еден ден, можеби ќе видите како работат огромните мотори додека ги влечат масивните кабли што ги движат трамваите.
После Азија, во Сан Франциско се наоѓа вториот најголем Кинески град. Тој е најстар во Северна Америка. А исто така го има и најголемиот и најстариот Јапонски град во САД. И, еве еден интересен факт за колачето за среќа. Кинеското колаче за среќа е измислено од јапонски жител во Сан Франциско. Интересно нели? А тука е и Фабриката за Колачиња за Среќа во Сан Франциско – Фабрика за колачиња Golden Gate Fortune.

Други интересни факти што можеби би сакале да ги знаете се:
-Деним фармерките се измислени во Сан Франциско од Леви Штраус, кои првично биле наменети за рударите од рудникот Голд Раш на кои им требало тешка, удобна облека.
-Сан Франциско е домот на најголемиот број конкурентни американски вина во светот.
-Сан Франциско е дом на повеќе од 50 филмски фестивали секоја година.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *