Лана, Казахстан


Лана е моја драга пријателка со која се зближив преку размената на разгледници, во текот на годините кога разменував повеќе.
Сме размениле разгледници неколку пати и сме споделивме приказни, кои всушност најмногу помагаат да се запознаеме поблиску со личноста и да се чувствуваме како да ни е вистински пријател. Ги имам неколку такви и сум среќна што ги имам. Лана живее во Алмати и ми ја испрати оваа разгледница со снежните планини кои ѕиркаат зад високите згради. Случајност или не, ја зедов оваа разгледница во зимски период, баш кога имаме и снег 😂

Дополнителни информации – Алмати е најголемата метропола и се наоѓа во подножјето на планиата Транс-Или Алатау. Тој беше главен град на земјата се до 1997 година, но останал трговски и културен центар на Казахстан. Името Алмати потекнува од казахстанскиот збор за „јаболко“ (алма), и често се преведува како „полн со јаболка“. Првично тоа било Алматау, што значи Јаболкова планина.
Алмати е полн со паркови и зеленила, опкружен со планини. Се тоа заедно го одзема здивот. Врвот на планината Кок Тобе е поврзан со центарот на Алмати преку жичарница и е една од работите што мора да се направат при посета на овој град.
Од 1972 година, луѓето во Алмати имаат можност да уживаат во јавниот лизгачки ранг Медео. Се наоѓа на 1.691 метар надморска височина и е еден од најголемите скијачки центри во светот сместени на голема надморска височина.
Пребарувајќи на интернет, јас сум пријатно изненадена колку е убав, модерен и културен овој град. Се надевам дека ќе се согласите со мене.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *