Генесио ме почeстил со толку многу стикерчиња и маркици, а со малку текст, што и искрено гледајќи ги нив, но и самата разгледница, зборови не се потребни.
Доволни беа секунди откако ја добив разгледницата за да почнам да пребарувам за оваа убавина од катедрала што гордо ја претставува разгледницата. Катедралата Сан Педро од Алкантара е мистрична структура како и самиот светец по кого е именувана.
Оваа готска креација уште е позната и како Катедралата од Петрополис, а светецот Сан Педро од Алкантара е светец-заштитник на градот.
Дополнителни информации – Сан Педро или Петар Гаравита бил роден во Алкантара, Шпанија и всушност претставува светец заштитник на ноќното поклонение на Светата Тајна. Покрај во Бразил и Шпанија, тој е заштитник и во некои градови од САД и Филипини.
Исто така, оваа Катедрала е почивалиште на последниот владетел на Бразил, Дом Педро II и неговата фамилија.
Петрополис е историско планински град, кој е опкружен со музеи и цркви со средно-вековно европски стил. Чистиот воздух, староградските улици кои пленат со својот шарм, како и готските палати се доволна причина за да се избегне метежот од метрополите и да се посети ова место.