Разгледницата е испратена во август, но Ландо напишал „поздрав од Студената Богота“. Се надевам дека било само ладно, бидејќи за мене е тешко да поверувам за какво било студенило во […]
Read MoreКолумбија се протега на крајбрежја од два океана: Тихиот Океан и Карипското Море кое е дел од Атлантскиот океан.
Во Колумбија се наоѓа најголемата заштитена тропска дождовна шума во светот: Серанија дел Чирибикете. Исто така е втора земја во светот со најразличен биодиверзитет, веднаш по Бразил и е една од 17-те светски мегадиверзитети. На жалост, моржовите и кафеавите волнени мајмуни се меѓу загрозените видови. Во загрозените животни спаѓаат и розовите делфини на реката Амазон. Колумбија е исто така, земја со најголем број видови птици во светот, што ја прави една од најдобрите земји за набљудување на птици. Во неа се одгледуваат бројни тропски плодови за кои можеби не сте слушнале никогаш.
Во Колумбија се наоѓаат повеќе од 30 вулкани, со Галерас ( висок4276 м ) како најактивен вулкан. Невада дел Руиз е највисокиот активен вулкан на планинскиот венец Анди.
Кафето е главен извозен производ, додека Колумбија е трет најголем извозник на кафе во светот. Колумбија е богата со природни ресурси како што се нафта, природен гас, јаглен, злато и бакар и е позната по своите прекрасни смарагди.
Дали знаевте дека Колумбијците пијат топло чоколадо со топено сирење? Да да.