Богота, “Дамата од Андите”

Ландо, Колумбија

Разгледницата е испратена во август, но Ландо напишал „поздрав од Студената Богота“. Се надевам дека било само ладно, бидејќи за мене е тешко да поверувам за какво било студенило во август. Но интересно е тоа што никогаш не станува многу жешко ниту многу ладно во Богота. Градот има суптропска висорамнинска клима. Просечната температура е 14,5 ° C (58 ° F), варира од 6 до 19 ° C (43 до 66 ° F) во сончеви денови, а од 10 до 18 ° C (50 до 64 ° F) во дождливи денови. При што верувам дека е пријатна пролетна клима. Но, исто верувам дека секое време во Богота е за уживање.

Дополнителни информации – Главниот град на Колумбија, Богота, се наоѓа во центарот на земјата, во источниот дел на планините Анди. Градот е основан од народот Муиска долго пред доаѓањето на Шпанците, кои таму основале свој град. Местото каде што е основана Богота народот Муиска го нарекол Баката, што на јазикот чибча значи „Дамата од Андите“.

Богота има многу културни места, вклучувајќи 58 музеи, 62 уметнички галерии, 33 библиотеки, 45 театри – од кои најпознат е театарот Колумбос, 75 паркови за спорт и атракција и над 150 национални споменици.
Музејот на златото е еден од најпосетуваните туристички атракции во земјата и има околу 500 000 туристи годишно. Музејот прикажува избор од пред-колумбиско злато и други метални легури, како што е Тумбага (легура од злато и бакар) и ја содржи најголемата колекција на златни артефакти во светот.
Мене ми е навистина тешко да изберам што прво да ви кажам тука. Верувам дека во следните разгледници ќе има уште интересни факти, но исто така сакам да верувам дека ве мотивирам да истражувате на Интернет и да ги видите убавините на Богота и институциите кои ги претставуваат, како што се: светилиштето Монсерат, боречкиот ринг Санта Марија, јавната библиотека Вирџилио Барко, црквата на Богородица од Лурд, паркот Сајмон Боливар, ботаничка градина Хозе Селестино Мутис … и многу други.

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *