Овие многу многу убави слики претворени во разгледници, се од вештите раце на академскиот уметник Сузана З. Ѓорѓиева. Овие нежни креации се инспирирани од едноставноста на нашето детство, игрите и […]
Read MoreКога ќе се спојат туристички водич и инжинер по биотехнички науки, не добиваш апсолутно ништо.
Но кога ќе се спојат нивната креативност со нивните идеи се добива таква шаренолика експлозија, што се распрскува во секоја клетка од мозокот и телото и избувнува како вулкан во најситни честички. Е тогаш настануваат чуда. Многу чуда.
Едно од тие чуда се разгледниците. Помеѓу љубовта на Мартина кон разгледниците и нејзината колекција на разгледници од целиот свет која веќе го преполнува секое ќоше од нејзиниот дом, со нејзината разочараност од некреативниот избор на разгледници кај нас, се појавува Леа со нејзината хедонистичко авантуристичка мотивација дека светот на разгледниците може да биде поубаво креативно катче и кај нас. Така таа несебично ги понуди илустрациите од академик Сузана З. Ѓорѓиева кои од големи прекрасни дела се родија во мали уште попрекрасни разгледници… и станаа како мали деца на овие, големите дела…Обоени, разиграни, весели.
Среќата на овие разгледници ќе оди во два правци. Едните ќе патуваат во светот на разгледниците заедно со Мартина и другите колекционери преку размени, а другите ќе патуваат во светот на бизнисот со Леа, каде тие ќе се купуваат како подароци со нивната единствена моќ, да не вратат во едно време, во она нашето поубаво време, каде пенкалото ја знаеше нашата искрена желба и умешно ја пишуваше на честитката, додека нестрпливо чекавме да го видиме изразот на тој што ја чита пораката.
Можеби ќе се сретнат некогаш, можеби и не. Но ние ќе им го покажеме патот, а тие нека одберат каде ќе ја однесат среќата.