Кога читам, колку страствено луѓето пишуваат за своите градови од каде што потекнуваат, моментално сакам да ги посетам. Можете да ја почувствувате љубовта, нивното добредојде и искреноста во напишаните зборови. […]
Read MoreБелорусија значи „Бела Русија“, односно име произлезено од фактот дека ова е оној дел од Рус, кој иако бил освоен од Монголите во 1240 година, никогаш не бил населен од нив. Терминот „бела“ се однесува на чистата раса на луѓето, кои, за разлика од нивните московски братучеди, никогаш не се измешале со Монголите.
Белорусија има прилично рамна површина, и највисокото место е со само 345 метри надморска височина а тоа е планината Держински. Сепак, позната e по својата прекрасна природа со повеќе од 20 илјади реки и 11 илјади езера и често се нарекува земјата со прекрасни езера, девствени шуми и ретки видови на растенија и животни.
Најголемата стара европска шума – Беловежска пушка – се наоѓа во Белорусија. Дом на европските бизони како и на стотици други животни и птици, Беловежска пушка е сè што останало од исконската шума која некогаш се протегала низ огромната европска рамнина. Некои дабови дрвја кои растат во оваа шума се стари повеќе од 600 години.
Белорусија е земја без природни планини, но затоа има импресивни планини со вештачка сол кои се формирани од рударството за карпеста сол. Овие може да се видат во близина на градот Солигорск.
А мене омилена работа ми е „Дијамантот на знаењето“ односно Националната библиотека на Белорусија која е импозантна структура. Создадена е во 1922 година, реконструирана, преименувана и дополнувана со книги неколку пати после тоа, и завршена со последниот дијамантски изглед во 2006 година. Со 23 ката, 18 читални, музеј на книги и панорамски поглед на градот на последниот кат е едно од најпознатите места за разгледување во земјата.