Кога читам, колку страствено луѓето пишуваат за своите градови од каде што потекнуваат, моментално сакам да ги посетам. Можете да ја почувствувате љубовта, нивното добредојде и искреноста во напишаните зборови.
Овој пат ќе го прескокнам делот со „Дополнително инфо“ затоа што Даша ги пишува сите добри работи што треба да се направат или да се посетат во Белорусија генерално, така што ќе го оставам вака како што е, затоа што тоа е убавината на една разгледница. На неа може да се прочитаат најинтересните факти од локалното население наместо да се гугла.
Даша напишала, „најмалку 10 работи што треба да ги направиш во Белорусија“ (затоа што толку бери на разгледницата 😂)
1. Пробај Норочански леб
2. Види средновековен замок
3. Посети селска куќа
4. Пробај драники колку што можеш повеќе
5. Посети ја националната библиотека
6. Нахрани европски бизон
7. Облечи традиционална носија
8. Уживај во едно од 11 000 езера
9. Пробај крамбабулиа
10. Дојди повторно да не посетиш
Привлечно, нели? 😊