Од нејзиниот летен одмор во Хрватска, Ане (од Холандија) ми испрати разгледница од Истра, полуостров, местенце, агол, со свој посебен свет, уживајќи цели 10 дена. Истра е полуостров во облик […]
Read MoreНесомнено, Хрватска е едно од најинтересните места за посета за време на летните одмори. Повеќе од сигурно е дека ќе се заљубите во морето и крајбрежјето и погледите што ги нуди Хрватска.
Хрватска има 1246 острови, полуострови и морски лакови и верувајте ми, изборот е многу тежок. Секој од нив има своја привлечна убавина.
„King’s Landing“ од серијалот Игри на тронови е всушност, хрватскиот град Дубровник. И, Дубровник е многу посебно место, секако со своја посебна приказна, која ќе ја најдете меѓу разгледниците.
Дури и старите Египќани ја сакале оваа област. Сфингата во Сплит е донесена од Египет за време на Диоклецијан и е стара над 4000 години.
Се обложувам дека не знаевте дека „пенкалото“ е хрватски изум. Хрватот Славољуб Пенкала го измислил механичкит молив, наречен Пенкала во 1906 година. Додека ние во Македонија го нарекуваме „пенкало“.