Навистина е тешко кога испраќачот не е потпишан, па не можам соодветно да ги споделам нивните чувства, во случајот – прошетката до Тикал. Пишува дека претходната Нова година прославиле на […]
Read MoreВо текот на првиот милениум од нашата ера, цивилизацијата на Маите се развивала во Гватемала и околните региони. Доказите за овие претколумбиски цивилизации се уште може да се видат на повеќе од 5.000 археолошки места. По скоро три века како шпанска колонија, Гватемала ја добила својата независност во 1821.
Експертите веруваат дека зборот Гватемала потекнува од домородниот збор од Нахуатл „Quahtlemallan“, што значи „земјата на многу дрвја“.
Денес земјата има 4 култури. И тоа: Ладина, Ксинка, Гарифуна и Маите.
Земјата е дом на повеќе од 30 вулкани, многу од нив се уште активни.
Јазиците кои се зборуваат се шпански (како официјален) и дваесетина други јазици на Маите, особено во руралните области.
Национална птица на Гватемала е куетцал, долга опашеста птица застапена главно во влажните шуми. Станува сè потешко да се забележи во дивината, но може да се гледа секојдневно на банкнотите на Гватемала, бидејќи нивната валута е именувана по самата птица.
Максимон, исто така познат како Сан Симон (Свети Симон), е важен народен светец на Маите во Гватемала, и е претставен како облечена дрвена фигура која седи на стол, кој, за разлика од другите светци, пуши цигари и пие алкохол. Секоја година, тој се сели од една во друга куќа во местото од каде потекнува, односно во Сантијаго Атитлан. Тој ја претставува отпорноста на Маите во нивните борби против угнетувањето, и е симбол на надеж и трансформација.
Едно од превозните средства со кој се служат во Гватемала се нарекува тук тук. Тоа служи како такси и Гватемала е преполна со овие мали возила со три тркала кои се развозуваат наоколу, носејќи луѓе од едно до друго место.
Какаото бил толку многу важен производ за Маите, што го користеле и како валута. Но, тие исто така го користеле и за готвење и печење, и така се сметаат за пронаоѓачи на чоколадната табла. Па луѓето од Гватемала велат дека чоколадото потекнува од таму. Зборот „чоколадо“ всушност доаѓа од мајанскиот збор „xocoatl“ што значи горчлива вода. Во тоа време, какаото било основа за густ, ладен, незасладен пијалок. Бидејќи шеќерот сè уште не бил откриен, се користеле различни зачини за додавање на вкус, вклучувајќи и чили пиперче – кое и ден денес се користи во гурманските чоколади.