Ануар Дан

Ануар Дан е малезиски уметник кој своите уметнички сликарски дела ги претворил во разгледници и така полесно патуваат низ светот. Всушност јас така дознав за него и веќе сум колекционер на неговите дела/разгледници.
Со неколку луѓе од Малезија со кои активно разменувам, веќе дознаа за оваа моја пасија, па ми помогнаа во колекцијата. Се надевам кога ќе се навратам повторно на ова хоби, колекцијата ќе ја надополнам.
На секоја разгледница им опис кој вели – Ануар паметно ги споил локалните артефакти и малезиската архитектура за да покрене внимание со дела што го прикажуваат малезиското наследство. Неговата иновативна употреба на различни медии и ефектот на созревањето што тој ги создава додаваат шарм на неговите дела. Во контекст на модерното живеење, неговите дела се потсетник за деновите што поминале.

Погледи од Минатото – Пенанг

Откако почнавме да разменуваме многу разгледници, со Викторија, почнавме веќе да зборуваме за нашето секојдневие, за нашите навики, ритуали, традиции и какви празници славиме. Таа го обожава празникот Ноќта на вештерките и покрај тоа што не е во нејзината традиција,…

Read More

Погледи од Минатото – Вечер во Мелака

Викторија ја купила разгледницата кога била во посета на неговата уметничка продавница, што значи дека разгледницата е директно од неговата работилница 🤗 Таа напоменува дека таму, овој сликар е многу популарен и луѓето се гордеат со него. Неговата креативност го…

Read More

Погледи од Минатото – Сеќавања на Мелака

Victoria Jane, е една од тие луѓе која несебично ми помогна во колекцијата.Покрај секојдневните активности со кои се соочува, не ми пишува долго за да можам да уживам во сликата и описот позади неаОписот вели – Ануар многу вешто ги…

Read More