Хола, здраво на сите😊. Секако дека знаете дека оваа музичка група што е на разгледницата, се вика Маријачи и верувам дека веќе во главата ви засвирела некоја мексиканска музика. Ландо […]
Read MoreОфицијалното име на Мексико е Обединетите мексикански држави.
Мексико се протега од Карибите и Мексичкиот залив па се до Пацификот, а тоа значи дека има широк спектар на клима, кујни, култури, пејзажи и начини на живот. Од топло и влажно време на крајбрежјето (со ладни до пријатни температури во зима), до клима како вечна пролет на Колонијалните висорамнини и езерото Чапала, се до сува, топла пустинска клима на Баја Калифорнија, која има отприлика 15 врнежливи денови годишно. На кратко, за секого има клима.
Во Мексико се пронајдени алати од каменото доба кои сугерираат дека таму постоеле луѓе пред околу 23000 години. Полуостровот Јукатан во Мексико е дом на мноштво неверојатни урнатини кои се остатоци од Маите, а ги има и големи и мали.
Највисоката планина во Мексико, Пико де Оризаба, е всушност пасивен вулкан кој достигнува 5.636 метри надморска височина. Но, исто така, Мексико е дом на најмалиот вулкан во светот! Можеме да го наречеме и Мал-кан. Малиот вулкан Куексомате се наоѓа непосредно пред градот Пуебла и има висина од само 13 метри.
Полуостровот наречен Долна Калифорнија кој се наоѓа западно од Мексико има над 120 видови кактуси кои растат таму.
Мексико е една од најразновидните земји во светот. Таму се наоѓаат најмногу видови на рептили од целиот свет односно има над 700 видови влекачи, а исто така таа е втора земја во светот со над 430 видови цицачи.
Чоколадото, чилито и пченката потекнуваат од Мексико. Дали знаевте дека Ацтеките го сметаа топлото чоколадо за свет пијалак? Еве сега знаете 😊