Навистина е тешко кога испраќачот не е потпишан, па не можам соодветно да ги споделам нивните чувства, во случајот – прошетката до Тикал. Пишува дека претходната Нова година прославиле на ова место, што значи 2013 🙂
Мислам дека би било навистина прекрасно да се прослави новогодишната ноќ во ова зачудувачко место, преполно со скриени антички убавини. Иако верувам дека е познато туристичко место со гужви од народ, сепак убаво би било да си тука.

Дополнителни информации – Во срцето на џунглата, опкружено со бујна вегетација, лежи едно од најголемите места на цивилизацијата на Маите, населено од 6 век п.н.е. се до 10 век од н.е. Тикал е сместен во пределот Петен во Гватемала, длабоко, во една од најголемите дождовни шуми во Централна Америка.
Тикал бил главен град на Маите – Тој бил срцето што чукало во империјата на Маите и владеел со поголемиот дел од Мезоамерика политички, економски и воено. До 600 година од н.е. таму имало спортски стадион, училиште и болница. Имало и библиотека преполна со илјадници книги. Денес само четири книги на Маите сè уште постојат. Пронајдени се и траги од рано фармерство и земјоделство, кои датираат од 1000 година п.н.е. Исто така тука биле пронајдени колекции од керамика од времето на Маите, сместени во запечатена погребна комора што датира од околу 700 година п.н.е.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *