Доколку барате место каде времето би поминувало бавно, ама ирвасите пред вас би поминувале брзо, тогаш дефинитивно Натаваара може да биде вашата следна дестинација за одмор, далеку од цивилизација, но […]
Read MoreКога ќе се спомне АББА мислиш на Шведска или кога ќе се спомне Шведска мислиш на АББА. Покрај нив тука се и Roxette, Europe, Alcazar,Ace of Base, Rednex, Eagle Eye Cherry како и многу други музички групи, текстописци и продуцери кои припаѓаат на Шведска.
Шведска е скандинавска нација со илјадници островчиња и езера во внатрешноста, односно со 95 700 езера во земјата заедно со огромни шуми и глацијални планини. 2/3 од вкупната површина на земјата е покриена со шума со вкупна површина од 280 650 км2. Нејзините метрополи, на исток главниот град Стокхолм на југозапад Гетеборг и Малме, се крајбрежни градови. Само Стокхолм е изграден на 14 острови. Но, за тоа ќе ви кажам повеќе кога ќе наиде разгледница од Стокхолм.
Постојат многу работи што ме воодушевуваат за оваа земја, но една работа се истакнува над другите. А тоа е дека во Шведска само 1% од отпадот завршува на депонија со 50% рециклирање или компостирање и 49% за согорување за добивање на енергија. Ова секако дека звучи како одлична вест, но предизвика и еден голем проблем: а тоа е дека нема доволно отпад. Па така Шведска нашла решение и тие почнале да увезуваат отпад од Норвешка и Велика Британија за да го согоруваат. И, како двоен бонус, земјите всушност и плаќаат на Шведска за таа да им го одземе отпадот! Брилијантно, нели?
За време на Божиќните празници, Шведите пијат Jулмуст, а тоа е ферментиран безалкохолен пијалок од слад, без алкохол, сличен на безалкохолно пиво. Во декември се трошат дури 45 милиони литри, а потоа неколку месеци исчезнуваат од полиците за повторно да се појават за Велигден како Påskmust – истиот пијалок во друго шише. Во останатиот период од годината овој пијалок е речиси невозможно да се добие.