Џен, само што ја потврди една од моите причини зошто ги сакам разгледниците. Разгледиците кои ги споделуваме меѓусебно го прошетале цел тој пат кој не можеме ни да си го замислиме. И тоа ми е фантастично. Ние не би можеле никогаш така да патуваме. И тие не само што го претставуваат местото од каде што доаѓаат, туку се и сведоци на сите места каде што застанале и го спојуваат светот во едно. Прекрасно, навистина.
Инаку Џен живее во Лондон и морав да проверам два пати да се уверам дека не е овој Лондон шо го знаеме. Туку ова е Лондон од Канада. Да да. Можеби некои од вас веќе сте знаеле, но некои од нас не знаеме и тоа е во ред, нели? Секојдневно учиме. А и овој Лондон е убав како оној што го знаеме.
Дополнителни информации – Лондон е уште познат како „Шумскиот град“ и имаат над 200 паркови во самиот град што им овозможува на жителите пешачење, џогирање и велосипедизам. Лондон исто така им овозможува и скијање, пливање, голф, скејтбординг, тенис, лизгање на мраз и др. И што не би сакал тука? Лондон се гордее со својата живописна култура преку многубројните музеи, театри, специјални настани и библиотеки. Секоја годиа во Лондон се одржуваат преку 120 специјални настани, од кои попознати се Санфест, концерт за традиционална музика и арт фестивал. Така што вреди да се посети во било кој ден од годината.