Хола, здраво на сите😊. Секако дека знаете дека оваа музичка група што е на разгледницата, се вика Маријачи и верувам дека веќе во главата ви засвирела некоја мексиканска музика. Ландо посакува еден ден да прошетам до Мексико и да ми покаже наоколу, но посебно да ми ја покаже и да ја почувствувам вистинската мексиканска музика, но исто така и тој би сакал да дојде да ја посети Македонија за да почувствува тотално поинаква култура. Да, ние сме доста различни во културата, но најдовме заеднички интерес. Колку сме всушност различни ние луѓето?

Дополнителни информации – Маријачите од разгледницата позираат пред Палатата на ликовната уметност, која се смета за најважен културен центар во градот Мексико, а и генерално во Мексико, затоа што содржи прекрасни мурали од Диего Ривера, Клементе Ороско и Алфаро Сикеирос (ова е напишано на задната страна на разгледницата). Зградата Паласио де Белас Артес е изградена во 1904 година и е дизајнирана од Адамо Боари, а инаугурирана во 1934 година. Некои уметници и групи низ цело Мексико оваа зграда ја нарекуваат како „Катедралната уметност од Мексико“, бидејќи е многу важен културен центар во Мексико, додека пак УНЕСКО во 1987 година оваа зграда ја прогласи за уметнички споменик .

-Исто така, најдов некои интересни информации за маријачите, па слободно прочитајте повеќе за нивната историја и настапи
https://www.britannica.com/art/mariachi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *