

Кога и да добијам разгледница од Кртек(кртот), расположението ми се менува одма, секако на позитивно. Еве и сега дури ја гледам разгледницата, ме насмевнува. Онака, од нигде никаде. А ова го пишувам непосредно пред Божиќните празници и оваа разгледница со кртчето ми го направи расположението.
Најинтересниот дел од разгледницата, секако дека е од задната страна, она напишаното, па Дениса ми вели дека Мартина е многу често женско име во Чешка и дека во нејзиното маало, каде што живее во некое мало селце, јас имам 5 имењачки. Е сега, не сум сигурна што би направиле со овој факт 😅 … но доколку некогаш одите во Чешка и случајно го заборавите името на некоја девојка, слободно можете да го претпоставите нејзиното име 😂