Буквално, ама буквално оваа разгледница е доказ дека купувањето на разгледници може да ве спаси кога ќе се најдете „во тесно“. И баш поради тоа, ми е посебно драго што моето хоби може да спаси животи 😂. Затоа, не се двоумете при купувањето разгледници. Дури и за себе. Влезете во продавницата, погледнете наоколу, може тоа ќе ве спаси или може да ве одведе некаде, или пак можеби ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Никогаш не се знае. Но морам да потенцирам дека сум особено среќна затоа што го спасив моментот на Дана, бидејќи, знаете, таа ми е скапоцена❤️
Дополнителни информации – Herrenchiemsee е комплекс на кралски објеки на Herreninsel – најголемиот остров во езерото Chiemsee, во јужна Баварија, Германија.
Августинскиот манастир (Старата палата) е манастирски објект на Herreninsel, изградена во ерата на барокот.
Но во 1873 година, кралот Лудвиг Втори од Баварија го купил Herreninsel затоа што била идеална локација за неговата Кралска палата во Herrenchiemsee (Нова палата). Главниот приоритет му било да се копира Версајската палата и Версајските градини како олицетворение на монархиски сјај, каде кралот Лудвиг Втори од Баварија можел да ги остварува своите соништа.