Напуштениот остров. Големата карпа во морето со запуштени згради. Градот на духови кој порано служел за ископување јаглен и се наоѓа сред Источно Кинеско Море. На островот кој е долг 480 метри и широк 150 метри, порано живееле 5000 жители. Сега е дел од УНЕСКО како дел од светското културно наследство. Се вика Гунканџима или борбен брод, но официјалното име на островот е Хашима. Нагасаки му е омилен град на Јуки, во Јапонија, па затоа често патувал до таму. Тој исто така ужива во турите до островот кој се наоѓа на околу 20 километри од пристаништето Нагасаки. Турите со бродовите траат околу 50 минути во еден правец и попатно минуваат низ големите фабрики на Митсубиши за изградба на бродови како и други останати острови. Турата исто така овозможува убав поглед на градот Нагасаки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *