Лукаш, Полска (10/2013)

Е, овој начин на пишување го сакам. Кога испраќачот ми кажува што сака, како го поминува своето секојдневие. Чувствувам како човекот да зборува лично со мене, ми кажува за неговиот ден. Се осеќа пријателски, лично, приватно и е повеќе од само поздрав. Додека пијам кафе или чај, го поминувам времето со мојот пријател и слушам за неговиот ден на факултет или за неговата омилена книга или зошто сака разгледници. Значи, Лукаш е сето тоа. Додека е на студии по шпанска филологија, тој обожава да патува, именувајќи ги сите земји кои ги посетил. Но, секако Македонија е следна на списокот. Поминало долго време откако ја добив оваа разгледница, па се надевам дека во меѓувреме тој го завршил факултетот и ја посетил Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *