Кејт, Германија

Честит Божиќ !!! ❤❤❤
Повторно 😅
Сега е редот на православниот Божиќ за славење, така што повторно е време за прославување, јадење, пиење, за семејството, време за домот…
Оваа преубава разгледница што ја добив од Кате, совршено ми се вклопува во денот. Таа секогаш ми испраќа разгледници што кријат во себе некоја приказна. Многу приказни.
Така што, доколку детето сакало да оди на покрив, тоа се качило таму….доколку сакало да добие крилја, ги добило…доколку сакало да биде фотографирано и да биде на фотографија/разгледница и тоа го добило….иако изгледаат мали (или не битни за нас) чекори, сепак за него овие работи можеби се битни и ете, возможни.
Божиќ е време на чуда. И јас верувам во чуда. А вие?
Што мислите? Која друга приказна би можела да се раскаже?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *