Паулина, Полска (2012)

Ова празнично и емотивно време од годината има моќ да ми ги врати сеќавањата од Полска заедно со носталгијата што ја чувствувам веќе долго време. Обожавам празници, но во Полска ги поминав најубавите празнувања, поминати со блиските пријатели кои ми се како семејство, скапоцен моменти од вечерните збиранки со вкусни јадења, ароматични пијалоци и бескрајните муабети. За разлика од Македонија, имаме скроз различни традиции но секако дека си ги сакам и нив. Уште како мала, уживав во нив и бев многу тажна кога привршуваа. Но, многу пати, во овој период од годината имав шанса да ги прославам и двата Божиќни празници, така што ги дуплирав и среќата и оброците и подароците и сè … Ах, ми недостига времето. А и ми недостигаат моите луѓе.

Дополнителни информации – Можеби веќе сте прочитале, еден период живеев во Гдањск и тоа 6 месеци. Најубавите месеци во мојот живот. Веднаш се заљубив. Се чувствував добредојдено, се поврзав некако, како да припаѓам таму. Се прилагодив навистина брзо, во градот, во куќата во која живеев, со луѓето со кои живеев но и со оние со кои работев. Почнав многу лесно да го разбирам и зборувам јазикот веќе по вториот месец. Но, добро, доста е, доволно зборував за мене.
Трисити или Тројмиасто или три-града по македонски, е метрополитска област во северна Полска, на Балтичкото море, составена од три града: Гдањск, Гдиниа и Сопот.
Гдиниа е модерно градско пристаниште, Гдањск претставува историски споменик и Сопот е елегантно приморско подрачје.

Гдањск со над 1000 години историја и традиција, на посетителите им нуди многу интересни споменици лоцирани претежно долж главната улица Длуга и нејзината околина. Реновираните резиденции од 16 и 17 век се наоѓаат на самата улица линеарно водејќи кон Стариот град. Секоја зграда има своја единствена форма и карактер што го отсликуваат нејзиниот оригинален сопственик.
Од поубавите интересни места се издвојуваат –
Во главното градско собрание во готски стил е сместен историскиот музеј на градот.
Фонтаната Нептун, која е всушност симболот на градот, стои на улицата Длуга.
Високата порта (Brama Wyżynna), на едниот крај на улицата Длуга заедно со ќелиите на тортурата и Затворската кула (Katownia), се до другиот дел на улицата Длуга која завршува со Златната порта (Złota Brama) и Музејот за Килибар.
На кејот на реката Молтава стои Кран, најголемиот средновековен пристанишен кран во Европа.
Стариот град е богат со црковни споменици, еден од нив е најголемата црква изградена со тули во Европа, базиликата Света Марија (Kościół Mariacki), која можеби заслужува посебно внимание.

– Гдањск не е само историја од минатиот милениум. Модериот Гдањск е и дом на Лех Валенса, еден од основачите на движењето„Солидарност“, нобеловец за мир и поранешен претседател на Полска. Многу места во Гдањск се тесно поврзани со движењето „Солидарност“. Еден од нив е „ Споменикот на три крста“ кој беше подигнат во знак на сеќавање на сите оние кои го дадоа својот живот на улиците на Гдањск во борбата за демократија.
Денес, несомнено, двете најважни атракции на градот се бесмислениот музеј од Втората светска војна и Европскиот центар за солидарност – самото место на настанот на историското бродоградилиште во Гдањск, кој ја доби етикетата за европско наследство.

Сопот уште се нарекува и летна престолнина на Полска, и е фреквентно место особено во летниот период и е посетен од туристи од целиот свет. Познатото пристаниште на Сопот излегува од самата улица Бохатеров Монте Касино и претставува најдолгата дрвена конструкција од ваков вид во Европа. Од него Гдањскиот Залив има прекрасен поглед но и прекрасна панорама на градот. Во близина на пристаништето има и светилник отворен за јавноста.

Гдиниа е релативно млад град трансформиран од село во важен индустриски и поморски град помеѓу 1920 и 1930 година. Во Гдиниа има многу интересни места. Само три од нив се наоѓаат околу плоштадот Кошчиушки (Kościuszki Square): океанографскиот музеј, морскиот аквариум и поморскиот музеј.
За љубителите на морето тука се и музеите на бродовите закотвени во јужниот пристанишен дел, каде можат да го видат разорувачот ОРП Błyskawica („Молња“) и едрилицата Dar Pomorza.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *