

Среќна Нова Година луѓенца. Ви посакувам да останете здрави, со позитивен став и мисли и секако да бидете со луѓето што ги сакате. Грижете се повеќе за себе, го заслужувате тоа.
Сега гледам дека оваа разгледница можеби е од времето кога јас и Фиона сме почнале да си пишуваме почесто, во времето кога нашиот клуб на разгледници беше жив, кога луѓето кои што беа дел од него ги споделуваа своите приказни, своето секојдневие и разгледниците што ги испратиле или добиле, времето кога почнавме да се посетуваме меѓусебно.
Се надевам дека следната година ќе разговараме почесто, ќе продолжеме да споделуваме разгледници и приказни. Тие пријатели се вистински подарок.