
Овој пат, наместо зборови, Дени одбра маркиците да зборуваат наместо него , но да бидам искрена, ептен ми се допадна. Сите си се посебни на свој начин и кажуваат многу повеќе за австралиската природа од кој било друг пишан збор. Дени знае како треба
Исто така и мапата е неверојатна. Ме остави без зборови и еве не можам да престанам да читам за сите места и градови спомнати на самата разгледница.
Ќе ви напишам само за неколку од нив, но ве предизвикувам да пребарате и да прочитате повеќе за останатите места и да го најдете вашето омилено.
Дополнителни информации –
* Калгоурли – е во центарот на западно австралиските Голдфилдс (златни полиња). Градот е основан уште во 1893 година за време на златната треска на Кулгарди и се наоѓа блиску до таканаречената „Златна милја“. Калгурли останал една од најважните рударски области во светот, со неколку големи рударски операции лоцирани во и околу градот, вклучувајќи ја и огромната јама или Супер Пит – фимистонова отворена јама, толку голема што може да се види од вселената!
Рамнина Нуларбор – е рамна област, скоро без дрва, сува или полусушна земја во јужниот дел на Австралија. Националниот парк Нуларбор чува ретка вегетација и фауна. Рамнината има многу варовнички пештери, вклучувајќи ја и пештерата Куналда – важен археолошки локалитет.
Улуру – или каменот Ајерс, е огромен песочен монолит во срцето на сувиот „Црвен центар“ . Познат е по својата прекрасна костенлива нијанса, која се чини дека се менува при промената на годишните времиња како и времето преку денот.
Тоа е Свето место. Познато како место за одмор на предците, односно античките духови во регионот. Голем дел од неговата околина е домородно заштитено подрачје, во чии рамки спаѓаат и биолошката разновидност, културните и социјалните одлики на тоа подрачје.