Тони, Шкотска

Тони беше од Англија, но често патуваше со својот мотор и постојано испраќаше разгледници до своите пријатели. Овој мој позитива од пријател, ќе остане запаметен засекогаш, кој покрај разгледниците, често знаеше да ме поздрави и со книги (од Агата Кристи и неколку со рецепти 🤗)
Така еднаш Тони отишол во Шкотска, заедно со некој пријател и заедно уживале во турнејата, погледот, воздухот … а гледајќи ја разгледницата и јас го чувствувам тоа.
Но, најмногу уживав кога читав за легендата за планините (сестрите) на висорамнините на Шкотска.

Дополнителни информации – Кинтаил е планинска област во северозападна Шкотска, сместена во областа Хајленд.
Петте сестри од Кинтаил е / се еден од најпознатите масиви во Шкотска.
„Петте сестри“ ги вклучуваат следните врвови:

  • Sgurr nan Spainteach, 990 м
  • Sgurr na Ciste Duibhe, 1027м
  • Sgurr na Carnach, 1002м
  • Сгурр Фуаран, 1067м
  • Sgurr nan Saighead, 929 метри

Легендата вели – Пред многу години, кралот од Кинтаил имал 7 ќерки. Еден ден, пловејќи по езерото Лох Дуич, дошле двајца браќа и биле освоени од убавината на двете најмлади ќерки на кралот. Тие го замолиле кралот да се оженат за нив, но кралот одбил затоа што сакал прво да се мажат неговите постари ќерки. Браќата му ветиле дека ќе одат дома и ќе се вратат со своите 5 браќа кои ќе се согласат да се оженат со неговите постари ќерки.
Кралот се согласил и тие се ожениле со помладите принцези и заминале. Пловеле со своиет невести, но по многу години не се вратиле назад.
Петте сестри чекале и чекале многу долго време, сè додека веќе остарениот крал не отишол кај магионичарот Греј од Коир Дунид и побарал од него да ја зачува убавината на неговите 5 ќерки. Тој секако дека се согласи и фрлил магија врз нив и ги претворил во планините што ги гледаме денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *