Севиља

Оливера, Шпанија

„Можеби е само една разгледница плус во твојата колекција, но е најтопла затоа што доаѓа од жешките Андалузија и Брегот на сонцето“ – со оваа топла порака, ме поздрави мојата другарка Оли, која всушност е од Македонија, но таа често патува за да открива нови места. Севиља се нашла на нејзиниот пат околу Шпанија, па секако декаја посетила и ми вели дека е едно од местата кое треба да се посети.

Дополнително инфо – Севиља е родното место на фламенко и тапас, домаќин на најдобрите Шпански забави како и дом на вечното почивалипте на истражувачот, Кристофор Колумбо.
Но за мене, една од најинтересните работи е тоа што градот си има свое мото „таен код“ – NO8DO. Според легендата тајниот код бил даден од кралот Алфонсо Х. Знакот се наоѓа низ целиот град и преводот значи „Не ме напуштил„ (мислејќи на Севиља)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *