Иако Дана напиша дека ова било мал подарок, сепак мислам дека ова е огромен подарок. Иако таа рече дека е долго планиран роденденски подарок (а тој пристигна 6 месеци по мојот роденден), мислам дека претставува повеќе од роденденски подарок. Помалку или повеќе ние сите очекуваме подароци за роденден, но никогаш не очекуваме подароци во кој било друг обичен ден. Значи, кога пристигна овој голем пакет, го претвори мојот обичен ден во многу посебен и ме направи многу среќна и бев насмеана цел ден, но и деновите после тоа. И се уште кога ќе ја видам оваа фотографија, многу сум среќна и оваа среќа доаѓа од фактот дека имам вакви луѓе во мојот живот … Дана е мојот вистински подарок ❤️
Заедно со Дана, талкавме низ неколку градови во Мехединти и со задоволство можам да кажам дека заедно создадовме незаборавни спомени.
(Мехединти е регион во Романија кој се наоѓа на границата со Србија и Бугарија – и мислам дека ова е доволен факт да се спомене, бидејќи повеќе дополнителни факти ќе следат кога тие градови од тој регион ќе бидат на едни од следните разгледници)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *