Тања, Германија

Се додека не ја добив оваа разгледница од Тања, не знаев дека овој цртан филм воопшто постои. Потоа почнав да пребарувам на интернет и прочитав дека Вампирина е базирана според ликот од книгите на Ана Мари Пејс.
Вампирина е млада вампирка која е неверојатно симпатична и витка. Целата нејзина кожа е синкаво-виолетова. Таа е млада вампирка, чие семејство се преселило од Трансилванија во Пенсилванија за да отвори локал наречен „Страшен кревет“ . Но и покрај тоа што Вампирина изгледа млада, таа сепак има над 200 години и може да се претвори во лилјак како и сите други вампири, но таа не пие крв ниту пак спие во ковчег.
За сега цртанот има само 2 сезони, а јас се надевам дека во иднина Дизни ќе продолжи да го креира, бидејќи како што видов од неколкуте епизоди, ликот веќе ми се допаѓа, а и самото сценарио и мислам дека ова е освежувачки, нов и поинаков цртан филм од се она што го имаме гледано до сега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *