Давиде, Италија

Можеби изгледа како повеќето разгледници што ги добивам од Италија да се од Давиде 🤭 … Меѓутоа, јас си ги сакам сите затоа што се испратени од различни италијански убавини. Оваа разгледница има летна идила, а претходната имаше снежна и зимска. Ова мало место дава позитивни вибрации дури и преку гледањето на самата разгледницата и е едно од најубавите гратчиња во регионот на Лигурија – како што напиша Давиде, препорачувајќи го како совршено место за летен одмор.
И тоа едноставно не може да се игнорира.

Дополнителни информации – Сестри Леванте е дефиниран како „град на две мориња“ – поради неговата географска формација која се карактеризира со тенок истмус што го поврзува „островот“ (карпест масив опкружен со море) со копното, делејќи ја водата на два прекрасни заливи.
Разгледницата го прикажува Заливот на тишината. Додека пак другиот залив се нарекува Заливот на бајките – кој е именуван во чест на данскиот писател, Ханс Кристијан Андерсен, кој во 1833 година живеел кратко време во овој град .
Сестри Леванте е место богато со историја и култура – едноставно магично место, со неверојатна природа, кое отсекогаш било извор за инспирација на поетите и писателите.

Андерсeн во 1883 година за Сестри Леванте напишал:
„Каква бајкова вечер помината во Сестри Леванте!
Пабот беше многу близу до морето и силен подводен бран се исправи спроти него;
Облаците на небото беа темноцрвени, а планините зрачеа со најсветли бои.
Самите дрвја изгледаа како гигантски корпи со овошје, пребогати со гроздови “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *