Rina, Indonesia

Ова легендарно место со неверојатен поглед, ми го испрати Рина, со која веќе сум разменувала неколку разгледници и ми напоменува дека навистина ужива во разгледниците и во разговорите што ги споделуваме преку нив.
Откако ја прочитав легендата за како настанала оваа планина што Рина ја напиша на задната страна на разгледницата, започнав да го истражувам местото кое е навистина неверојатно и не само поради легендата, туку и поради погледот што го нуди.

За легендата – Според легендата што се пренесува низ генерации на сунданската заедница, Тангкубан Пераху планината е создадена од превртен брод.
Легендата вели дека Сангкуријанг се заљубил во Дајанг Шумби, која била негова мајка без негово знаење. Сангкуријанг сакаше дури и да се ожени со неа, но Дајанг Шумби знаеше дека таа е неговата мајка и таа започна да бара невозможни задачи од Сангкуријанг да ги изврши, па така мислеше тој ќе се откаже од желбата да се ожени со неа. Таа побарала да направи многу голем брод за една ноќ, бидејќи таа знаеше дека тоа не е можно да се направи па така таа нема омажи се за него. Но, откако бродот бил готов околу 90%, неговата мајка знаела дека тој го направил со помош на џин (волшебник). Па така таа избегала далеку од него. Тој тогаш бил толку фрустриран што го удрил толку силно бродот, кој се свртил наопаку и се претворил во планината Тангкубан Пераху, што ја знаеме денес.

Дополнителни информации – Танкубан пераху е активен вулкан и тој е единствениот кратер во Индонезија што може да се стигне со возење до самиот раб.
Тангкубан Пераху има дефинитивно значајна улога, особено во развојот на околните ридови Парахијанган (наречени Божја земја). Неговата ерупција придонесла за богато формирање и неизмерна плодност на ридовите.
Сместен на висорамнината во непосредното предградие на градот Бандунг, кратерот Тангкубан Пераху е совршено место за уживање во ладниот воздух и релаксирачките пејсажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *