Роберт, Латвија

😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍😍 Mислам дека не можам да до ставам доволно емотикони со љубовни очи за оваа прекрасна разгледница. Очите ќе ми прснат од љубов гледајќи ја.
Најтемниот син дел во позадина е кадифено и тоа е една од причините зошто оваа разгледница ми претставува љубов. Другата причина е тоа што е од Муминки. Дали сте ги прочитале книгите/стриповите или сте ги гледале цртаните филмови? Серијата најпрво на стрипови, а подоцна и на книги и на крај на цртани и анимирани филмови е на финската илустраторка Тове Јансон.
Тове Јансон е без сомнение една од најдобрите фински уметници на сите времиња и воедно најчитан фински автор во странство.

  • Тове студира уметност и во Финска и во странство и таа почнува да прави слики од Муминтрол. Нејзиниот прв лик од Мумин подоцна е презентиран во списанието Гарм во 1943 година.
  • Во 1945 година Söderström & Co ја објавува првата приказна за Мумин – Муминките и големата поплава – на шведски јазик.
  • Потоа биле објавени уште 4 книги сè додека најголемиот светски весник – Лондонски вечерни новости – не почнале да го издаваат стрипот Мумин.
  • По објавувањето на 6-та и 7-мата книга, пристигнала и првата театарска претстава во 1949 година.
  • На крајот на 60-те Муминките станале многу популарни во Јапонија.
  • Во ’74 година, првата опера „Моомин“ пристигна во Хелсинки.
  • После сето ова, го отвориле музејот на уметноста Мумин, па тематскиот парк Цветот на Муоминките, потоа, авантурите во земјата на муминките – како првата голема интерактивна изложба за Мумините во Англија и на крај паркот Долина на муминките во Јапонија.
  • Во 80-те започнаа цртани филмови на ТВ и траат до денес и има веќе 3д анимирани филмови.
  • Повеќе детали можете да прочитате тука https://www.moomin.com/en/

О да, се возбудив и заборавив да ви напишам за она што е напишано на разгледницата, бидејќи тоа е многу добар текст, одлично одбрани зборови за Латвија што ќе ви помогнат да ја сакате земјата уште повеќе, па штета е да се пропуштат.
Роберт дошол како турист во Латвија, но тој веднаш се вљубил во земјата и одтогаш неговиот живот повеќе не е ист. Според неговите зборови “Латвија ве води кон нови искуства, ви помага да ја пронајдете хармонијата и да ги откриете вистинските вредности. Рига, главниот град е веќе место за културни настани на меѓународно ниво и уште во 2014 година (кога всушност е напишана оваа разгледница) претставувала културен епицентар на Европа. После ова, секој ќе може да ги оцени знаците на модерната музика, ликовната уметност, кино и поп-културата … ” и многу други убави и лични зборови трепкаат со позитивност преку кои може да се почувствува вистинската љубов што ја чувствува Роберт кон оваа земја.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *