
Знаете дека ова е метална разгледница? Даа, постојат, покрај дрвените разгледници има и од овие, направени од метал, а јас само посакувам да беше и магнет. Разгледница и магнет во едно, залепено на фрижидер и можеш да уживаш во него секој ден. Како и да е, го сакам необичното, така што оваа разгледница има посебно место во мојата колекција, благодарение на Фиона.