Многу ми е восхитувачки кога може да се почувствува нечија желба. Може да се почувствуваат зборовите, добрата мисла и позитивноста кои се напишани преку разгледницата.
Шерах ја направила оваа разгледница (рачна изработка), па можеби тоа е и причината зошто можам да ја осетам љубовта и страста посветена на ова парче тврда хартија. Како што таа напиша „Најдобрите работи во животот се бесплатни“, па така верувам дека креативноста е бесплатна и ние треба да ја ослободиме и да ја креираме среќата во нашиот живот 🤗