Даниела ми е драга пријателка од Бугарија, но таа ми ја испрати разгледницата кога отиде во Лондон во посета на нејзиниот брат. Ја запознав на ена мировна активност „Мир во акција“, во Грција, каде споделивме многу позитивни мисли и зборови. Така, желбите за мир за преплавуваат разгледницата 🤗 ( се работи за активности пропратени со јога и медитација, а одржани од монах од Тајланд-ете такви внатрешни мировни активности)
Дополнителни информации – Оригиналната Бакингемска палата е изградена од војводата, Џон Шефилд, всушност првиот војвода од Бакингем, во 1703 година. Тој ја срушил претходната куќа во Вестминстер и потоа изградил оваа. Подоцна Бакингемската палата е купена во 1761 година од кралот Џорџ Трети, кој сакаше да им подари приватен дом на својата сопруга и на децата, што немало да биде предалеку од палатата Свети Џејмс – тогашната официјална резиденција на кралското семејство.
Собите во палатата се отворени за јавноста само во текот на летото. Во палатата има над 700 соби. Има кино, базен, пошта, полициска станица, клиника, па дури и банкомат. Бакингемската палата во основа претставува раскошно мало село. Покрај кралицата, таму живеат и стотици други луѓе. Принцот Филип и принцот Едвард, неговата сопруга и ќерката, исто така, живеат таму. Една ситна работа за кралското семејство – е тоа што има персонал од 800+ вработени кои исто така ја нарекуваат палата свој дом.
Кралицата Елизабета Втора е домаќин на најмалку три дворски забави секое лето во приватната градина на Бакингамската палата, на 15 хектари, каде што гостите консумираат околу 20,000 сендвичи по забава.
Постојат уште многу други интересни факти за Бакингемската палата, но ве поттикнувам да ги пребарате на интернет и да ги научите тие неверојатни факти.