Кога ми пиша Кристина, беше нова во ова хоби со собирање на разгледници. Тоа е одприлика пред 5 години. Се надевам дека од тогаш бројот на разгледници се зголеми во нејзината колекција, како и бројот а испратени разгледници низ светот. Таа имаше прочитано дека сакам стари куќи, па ми ја испрати оваа убава разгледница, со уште поубава куќа и уште поубава градина од Харогејт.
Дополнително инфо ( Оваа информација е всушност на задната страна од разгледницата, напишана од самиот издавач) – Градините од Монпелје ја остварија својата рана слава како спа-центар и денес претсавува важен конференциски центар. Неговите минерални извори биле откриени во 16 век и тогаш била изградена првата јавна бања во земјата, позната како Кралската Соба со Пумпа, во 1842 година. Од тоа време па наваму, популарноста на градот постојано се зголемува, што резултира со богатство на високи камени згради и убави градини што го направија местото попознато и како Цветниот ресорт на Англија.