Роберт, Шпанија

Сантијаго Де Компостела е главен град на автономната област Галиција, во северозападна Шпанија. Роберт напишал на шпански, нешто разбрав, но нешто морав пребарав на интернет.
Градот Сантијаго Де Компостела е изграден околу прекрасната катедрала Сандијаго Де Компостела, посветена на апостолот Сантијаго. Сместена е во центарот на градот и опкружена со неколку плоштади и секој има различна намена, архитектура и доживување – плоштадот Обрадоиро, плоштадот Платерјас, плоштадот Квинтана и плоштадот де ла Азабачерија. Iма многу други познати плоштади наоколу во градот за кои ве мотивирам да ги истражете. И секој од нив има различна скриена историја што ќе ве воодушеви.

Дополнителни информации – На разгледницата е прикажан плоштадот Азабачерија – и тој претсавува првиот плоштад со кој патникот влегува во Сантијаго, кој води од Францускиот пат. Порано бил познат како Порта дел Параисо, но подоцна е заменет со денешниот плоштад во неокласичен стил од XVIII век. Плаза де ла Азабачерија бил дом на пазарот каде што аџиите можеле да купат секакви производи и да фи разменат своите странски пари во организацијата (еснафот) на разменувачи на пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *