Сихори, Јапонија

Можеби повторувам на секое, но и оваа разгледница ми е една од омилените. Ме смирува на некој начин.
Можеби затоа што е од храм, во пролет, време кога се одново цвета и почнува од почеток, време кога се е раззеленето. Или можеби само затоа што е дел од храм. Кој знае.
Од над 100 храмови и светилишта во тој реон, овој храм Јуфуку – Џи е омилено место на Сихори за посета, затоа што од едната страна е со море а од другата со планина. Совршен баланс.

Дополнително инфо – Камакура е крајбрежен град, одделен околу еден час од Токио. Најпознато место за посета во Камакура ( а и по што е ова место познато) е статуата на Големиот Буда, која се наоѓа во храмот Котоку-ин.
Секој храм или светилиште има различна приказна, па ако не планирате посета во блиска иднина, навистина вреди барем да се прочита. Нема доволно место овде за пишување за секој храм посебно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *