Оваа преубава разгледница има многу интересни детали во врска со куќата што е на неа, која, иако навидум е обична, дрвена и мала има посебно значење во нивниот регион.
Тарџанели ми пишува дека оваа куќа е изградена во 1897. Порано била училиште, но денес е музеј кој често организира концерти, уметнички изложби и други разни културни настани.
Благодарение на препораката на Тарџанели, почнав да ги читам книгите на Кате Мортон и сум среќна што го послушав неговиот совет.