Светлана ми е многу драга пријателка, која знае да ми испрати разгледници од време на време. Повеќето од нив се од ретките убавини од Русија и сите ми се убави.
Заедно со разгледниците, поздравите се секогаш топли и пријатни. Може да се почувствуваат 🙂
Дополнителни информации: Камчатка е Полуостров во далечниот исток од Русија и има повеќе од 300 вулкани, од кои 29 сè уште се активни.
Камчатка изобилува со кафеави мечки (Ursus arctos beringianus), позната и како „Далеку источна кафеава мечка“ и после вулканите е позната и по нив.
Во главниот град Петропавловск-Камчатскии живеат само 400 000 жители, така да не е толку лошо да се живее таму (со оглед на вулканите).