Познатата американска пита , овој пат со цреши, на разгледница, со рецепт, со посвета од фирмата Door county, со се. Ова е она кога ќе се посвети човек од ништо и да направи нешто и тоа несебично да се споделува по светот. Можеби никогаш нема да купиме од кај нив, но ете и рецептот доброволно го споделуваат со светот па имаме можност да го пробаме.
Рецептот го имате, па споделете искуство како ви излезе питата. Јас го имам пробано еднаш со свежи цреши и сама замесив тесто, но кај нас брашното е многу меко, па треба да се направи посуво, инаку тестото нема да се накрени додека се пече. Вториот пат пробав со замрзнати цреши и купечко замрзнато лиснато тесто. Перфектно дојде.
На интернет има различни идеи за тоа како може да се изработи горниот слој од тестото, со какви дупчиња или редени листови, негде има дури и цела отворена, не покриена со тесто. Ваш избор.
Инаку Рик е многу горд на овој нивни рецепт за пита и најмногу ја обожава кога е подготвена според бабиниот рецепт. Го потсеќа на детство, на богат префинет вкус и мирис, кој ниту една купечка пита не може да го замени. Покрај питите од цреши обожава и да чита историски романи, да патува, да риболови и да ја средува градината неговата и на баба му.
Пораката од фирмата Door County – Door County веќе долго време е еден од најголемите национални производители на пита од цреши. Локално, питите од цреши се продаваат на локалните пазари и продавници, како свежи (во сезона) или замрзнати (вон сезона), или како сок, но и во пекарите, во многу различни вкусови.
Питата од цреши од оваа фирма, се продава во многу фирми како десерт или за домашно конзумирање.
Еве го рецептот преведен на македонски:
400 – 500 гр исцедени замрзнати цреши – се чува исцедениот сок
22 ml вода ( да се измеша со исцедениот сок)
На тивок оган се додава сокот со 3 големи лажици нишесте.
Се меша додека смесата не стане бистра и густа. Се трга од оган.
Се додава 200 грама шеќер, на врв на лажиче – сол, 1 голема лажица путер и на врв на лажиче арома (или екстракт) од бадем. Се меша.
На крај се додаваат исцедените цреши и се остава смесата да се излади. Откако ќе се излади смесата се истура на непечено тесто за пита или лиснато замрзнато тесто (веќе одмрзнато за питата).
Питата се затвора со втор слој такво тесто и се лепат краевите.
се наросува со шеќер и се печи 50 минути на 200 степени или додека не зарумени.