Леи, Монголија

Оваа ми е една и единствена разгледница од Монголија и многу си ја сакам. После различни прегледи на интернет видов дека ги имаат најубавите пространи ливади и пасишта расфрлани со различни нијанси на зеленило. Исто така застапено е номадското одгледување на животните што дополнително ја збогатува културата.

Дополнително инфо – Монголија со главниот град Ulaanbaatar, се наоѓа помегу Русија и Кина. Изобилува со природни широки пространства, уникатни растенија и животни специфични само за тој регион (Siberian Ibex – сибирски јарец, Snow Leopard – бел или снежен леопард, Gobi Bear – Гоби мечка, Wild Bactrian Camel – дива камила Бактриан и Przewalski’s Horse (takhi,Dzungarian horse) – монголски див коњ) – на жалост повеќето од овие животни се од загрозен вид, а некои веќе во критична фаза на потполно исчезнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *