
Јас искрено не знам како би ги превела на македонски steamed dumplings, но знам дека вкусно изгледаат.
Традиционално јадење од Тајван, полнети со месо, народно изговорени ‘xiao long bao’. Покрај овој, на интернет пронајдов безброј рецепти, но се уште ниту еден немам испробано.
Со Wei се имаме разменато неколку пати и често сака да добие разгледници со традиционални јадења. Ние со јадења имаме една или две, но со рецепти немаме за жал, па рецептите дополнително ги запишував од задна страна или во плик. Секако дека и така е интересно, но сликовито поинаку се доживува (Како што може да забележите).